Донација од Пивара Скопје – 150 садници за новиот спортски центар „Идризово“

„Со оваа иницијатива покажуваме вистинска посветеност. Како татко на две деца, сметам дека не е доволно само да зборуваме за подобрување на условите, туку е потребно активно да работиме на тоа. Токму тоа го направивме овде, за доброто на нашите генерации. Посебна благодарност до Општина Гази Баба за нивната поддршка и континуирана соработка. Ова не е само извонредна акција, туку и пример за плодна соработка, покажувајќи дека заедно можеме да постигнеме многу повеќе“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, ја нагласи важноста на соработката помеѓу локалната заедница и компаниите при реализација на ваквите активности, кои носат бенефити за целата заедница.

Прочитајте и:  Видеолотаријата овој викенд му дава поддршка на Игор Стефановски Иџе, кој се подготвува за нов предизвик во Германија.

„Ваков тип на иницијативи е одличен пример за тоа како јавниот и приватниот сектор можат да функционираат заедно, за да ја унапредат иднината на општината и да допринесат за подобар квалитет на живот, како и развој на здрави навики кај младите генерации“, нагласи градоначалникот Стефковски.