Донација од Големата ложа, медицинска опрема за Клиниката за пластична хирургија.

„Сместувачките капацитети на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија се целосно обновени. Реновиран е посебен апартман во клиниката, како и просторијата за преврски, со што пациентите добиваат подобрени услови за престој и третман. Значително е подобрена и функционалноста на просторот, што директно влијае на квалитетот на грижата за пациентите. Со донацијата од Големата ложа на Македонија, во висина од 25 илјади евра, обезбедена е нова медицинска опрема, вклучувајќи антидекубитални душеци, медицински лопатки, инфузионни ставаци и други апарати“, изјави министерот Алиу по посетата.

Тој се заблагодари на членовите на Големата ложа на Македонија и на целото раководство за нивниот значаен филантропски гест, нагласувајќи дека филантропијата е одговорност и дека јавниот здравствен систем има пријатели и соработници кои веруваат во можноста за унапредување на грижата за пациентите, соопшти Министерството за здравство.