Домашни мекици по оригинален рецепт

Направете највкусни мекици по оригинален рецепт…

Начин на подготовка:

Просеаното брашно измешајте го со квасец, додајте сол, млака вода и замесете тесто малку поретко од она кое го правите за леб. Месете го тестото со дрвена лажица додека не почне да се одвојува од ѕидовиете на ванглата. Покријте со чиста крпа и оставете да нарасне.
Во подлабок сад ставете доста масло, загрејте го, намалете ја температурата и пржете го тестото – мекиците.

Рацете навлажнете ги во вода, од нараснатото тесто кинете парчиња, развлечете ги во саканите облици, ставајте ги во загреано масло и пржете ги од двете страни 3-4 минути.
Пржените мекици ставете ги на кујнска хартија за маслото да се исцеди. Послужете со сирење, кисело млеко, јогурт…
Добар апетит!

- Реклама -