Документарецот на Никола Јовановиќ за легендарните „Тело-наука совршена“ – „Во лице со бесконечноста“ ќе се прикаже на фестивалот „Преку Езерото“.

Документарец за легендарната група „Тело-наука совршена“

Љубителите на македонската рок култура на 13 јули 2026 година ќе имаат шансата да присуствуваат на едно уникатно филмско остварување. Во рамките на фестивалот „Преку езерото“, во Домот на култура во Гевгелија, со почеток во 11 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „В лице со бесконечноста“, под режија на Никола Јовановиќ.

Овој документарец е посветен на култниот рок бенд „Тело-наука совршена“, чија трајна оставштина се протега од осумдесеттите години до нивното повторно обединување во 2016 година.

Групата е формирана кон крајот на 1985 година, првично под името „Розетата на Нотр Дам“. Музичарите, инспирирани од поетската збирка на Методиј Златанов, сè побрзо го менуваат името во „Тело-наука совршена“. Првата постава ја сочинуваат Сашо Кленкоски на гитара и вокали, Звонко Наумоски на вокалите и клавијатурите, Роберт Калајџиески на бас-гитара, а подоцна им се приклучува и Наум Наумоски-Зајакот на тапани.

Од првичните проби во подрумските простори до демо-снимките направени во Радио Струга, преку настапите на „Рок Фест ’85“ и легендарниот фестивал „YURM“, бендот создава препознатлив звук кој ги спои пост-панкот, новиот бран и алтернативниот рок.

Прочитајте и:  „Скопје најпогодено од непогодата – МВР објави подробен преглед на интервенциите“

Еден од најзначајните моменти во нивната кариера е албумот „Кадис“, објавен во 1988 година. Иако излезе во ограничен тираж, тој останува запаметен како првиот официјален рок-албум на македонски јазик. Денес, се смета за едно од најважните изданија во македонската рок историја.

И покрај тоа што бендот престана со работа во првата половина на деведесеттите години, неговото влијание останува силно. Низ годините следуваа неколку реобединувања, вклучувајќи настапи на фестивалот „ДримOn“ во Струга во 2015 година и концерти во Скопје во рамките на „Бела ноќ“ и проектот „Од другата страна“.

Документарниот филм „В лице со бесконечноста“ носи име по една од нивните први композиции и е сведоштво за еден период, една генерација и бенд кој со својата оригиналност остави незаборавна трага во македонската рок култура.

Проекцијата во Гевгелија е можност за сите оние кои ги паметат овие музичари, но и за помладата генерација, да се запознаат со приказната за групата која ги прошируваше границите на домашната алтернативна сцена и создаде наследство што и денес инспирира.