По се изгледа, неверојатниот артефакт крие шокантна вистина.
Пред една година, Виктор Морозов, од Лабинск, го пронашол каменот додека бил на риболов на реката Хоџ во Краснојарската област. Каменот беше даден на проучување, а резултатите, по долга анализа, беа објавени неодамна.
![s79429895[1]](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/s794298951.jpg)
Според извештајот на геолошката научна експертиза изработена на катедрата за геологија и минерологија на политехничкиот универзитет Новочеркаск во Ростовската област, староста на каменот изнесува повеќе од 250 милиони години. Врз основа на резултатите од анализата, руските научници заклучуваат дека „каменот со микрочип“ е доказ дека уште во тоа време на Земјата постоел живот и постоела напредна цивилизација која располагала со висока технологија, која допрва треба да ја откриеме.
Од научничкиот тим велат дека планираат многу набрзо јавно да ги објават деталите од истражувањето.
![28601951[1]](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/11/286019511-600x337.jpg)



