Договор за мир во Украина меѓу Москва и Вашингтон

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во интервју за француската телевизија ЛЦИ изрази став дека Русија нема капацитет да води глобален конфликт и повика на итен прекин на огнот во Украина.

Орбан смета дека решението за мир треба да почне со прекин на огнот, а вистинскиот договор би требало да се постигне меѓу Москва и Вашингтон. Тој повторно ја изрази својата противење на членството на Украина во НАТО и Европската унија, тврдејќи дека тоа не е во интерес на Унгарија. Како што рече, Унгарците ја разбираат историјата на Украина подобро од Французите: „Не велиме дека мора да ги сакате Русите, но е важно да се договорите со нив.“

Премиерот нагласи дека Русија реагира само на „јазикот на силата“, па поради тоа Европа мора да ја зајакне својата политичка и економска моќ, бидејќи во моментов делува од позиција на слабост.

Тој изрази подготвеност за разговор со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи: „Ако тој сака да дојде во Унгарија, ќе го пречекаме со почит.“ На прашањето за можната споредба со Путин, Орбан одговори дека за унгарскиот народ не е важно да се споредуваат со никого, туку да се фокусираат на нивните интереси.

Коментирајќи го американскиот претседател Доналд Трамп, Орбан не го смета Трамп за „месија“, но верува дека со него може да се постигне договор за завршување на војната, иако тоа би било исклучително сложено. Тој истакна дека е возможно да се размислува за договор околу царините, но нагласи дека Трамп е „цврст“ човек.

Орбан се осврна и на потребата од соработка со Кина, Русија и Турција, посочувајќи дека секоја од овие земји може да се разбере преку културните и идеолошките разлики.

Тој е силен критичар на испораките на оружје за Украина и санкциите против Русија, сметајќи дека тие нанорат штета на европската, а со тоа и на унгарската економија.

Во однос на Франција, Орбан изрази несогласување со претседателот Емануел Макрон кога станува збор за иднината на Европа, критикувајќи го за „прогресивниот и либерален“ проект на ЕУ. Спомена дека му остнал само еден сојузник во Франција – Марин Ле Пен. Ако таа победи на изборите во 2027 година, Орбан вети дека ќе испие „магнум шампањ“ и ѝ понуди помош при изготвувањето буџет кој не поддржува војна и бирократија.

На прашањето за забраната на Прајд во Унгарија, Орбан одговори дека маршови со штетно влијание врз децата не можат да се одржат во Будимпешта.

Тој пристигна во Франција со покана од Марин Ле Пен и Џордан Бардела, лидери на Францускиот национален собир, за учество на состанокот на „Патриоти за Европа“ и притоа да одржи говор на прославата по повод успехот на француската крајна десница.