Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го одигра својот прв натпревар на грен слем турнир, создавајќи нова страница во историјата на македонскиот тенис.
Со оваа појава, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која учествува во поединечната конкуренција на еден од четирите најзначајни турнири, додека претходно само Александар Китинов имаше настап во двојки.
„Иако пред натпреварот не сакам да слушам различни работи, тоа е присутно од секаде. Во моментов дома не се случуваат многу работи, па ова беше навистина голем настан за сите. Примив многу пораки за поддршка што за мене значат сè. Играњето на овој голем терен пред многу публика беше навистина неверојатно. Ова е еден од најдобрите турнири, можеби и најдобриот, и затоа претставува доживотно искуство. Играњето против Аманда (Анисимова), финалистка и извонредна тенисерка, за мене е остварување на сон“, изјави Ѓорческа за официјалниот веб-сајт на Вимблдон.
Во квалификациите, Ѓорческа забележа три победи, што и овозможи пласман на главниот турнир. За жал, денес загуби од минатогодишната финалистка на Вимблдон со резултат 6-3, 6-2.
Со оваа успешна постава во првото коло, Ѓорческа, како тенисерка која помина квалификации, ќе освои 40 поени. Потоа, по завршувањето на Вимблдон, се очекува да направи значителен напредок на ВТА ранг-листата, веројатно околу 200. место.




