Доаѓаат температури до -15 степени

Територијата на Македонија од вечерва и на дочекот на новата 2026 година, како и по полноќ 31 декември 2025 година/ 1 јануари 2026 година и на 1 јануари 2026 година наутро ќе биде под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе услови да имаме многу ниски температури на воздухот кои ќе бидат проследени со повремено засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Вечерва и во текот на ноќта кон утрешниот ден 31 декември (Среда) ќе има повеќе облачност во Македонија и локално ќе провејува слаб снег. Слабо провејување на снег локално ќе има и во текот на утрешната вечер и тоа на дочекот на новата 2026 година.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат многу ниски и ќе биде многу ладно како што претходно кажав и насекаде во Македонија температурите ќе бидат под нулата со што ќе има појава на слана и на мраз. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -4 степени а особено на повисоките населени и планинските места температурата ќе се спушти до околу -15 степени особено утре наутро (31 декември среда) како и за нова година (рано наутро 1 јануари 2026 година).

Повеќе тука