Сите јавни институции и правни лица во државата треба да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови, специјално дизајнирани таблици во боја, најдоцна до 15 септември 2025 година. Оваа одлука е донесена на денешната седница на владата, иницирана од Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи.
Целта на оваа иницијатива е да се подобри транспарентноста и отчетноста во користењето на службените возила, додека истовремено се воспоставува контрола за нивната употреба. Обележувањето на возилата ќе овозможи граѓаните лесно да ги идентификуваат и да ја минимизираат можноста за нивна злоупотреба во лични, приватни или партиски цели.
Во следниот период ќе биде отворена посебна телефонска линија каде граѓаните ќе можат да пријавуваат неправилна употреба на службените автомобили. Секој пријавен случај ќе биде записан и обработен во согласност со законските процедури.
Исто така, во завршна фаза е подготовката на централен регистар за сите службени возила, што ќе обезбеди дополнителна контрола и надзор над нивната употреба, истакнуваат од СОЗР.
Со оваа мерка се реализира уште едно важно ветување – одговорно управување со државните ресурси и целосна отчетност пред јавноста. Државата испраќа јасна порака дека јавните средства се наменети за општествена употреба, а не за лични интереси.
Преку воведување на систем за јавен увид и контрола, се поставуваат повисоки стандарди на интегритет и одговорност во работата на сите институции.




