Светот на боксот е потресен од жеста вест од Нигерија. Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, бил замешан во сериозна сообраќајна несреќа во понеделникот, при што две лица изгубиле животите. За среќа, боксерот ја минал несреќата со полесни повреди.
Несреќата се случила во понеделник околу 11 часот наутро на прометниот пат Лагос-Ибадан во нигериската држава Огун. Според првичните информации, возилото „Лексус“, во кое седел Џошуа, директно удрило во паркиран камион.
Познатиот 36-годишен боксер, кој патувал во конвој со уште едно возило, во моментот на судирот седел на задното седиште.
Еден од очевидците раскажал за настанот: „Беше конвој од две возила. Џошуа седеше зад возачот, а до него имаше уште едно лице. Возачот имаше патник, што значи дека во „Лексус“ имаше четири лица“, изјавил сведокот, додавајќи дека тој и другите минувачи веднаш им претрчале на помош на жртвите.
Службеници од Федералната управа за безбедност на патиштата брзо пристигнале на местото на несреќата. И покрај силниот удар и уништеното возило, Ентони Џошуа не е во животна опасност. Фотографии на кои се гледа видливо потресениот боксер како седи во оштетеното возило, се распространети низ интернет.
Џошуа беше на одмор во Нигерија, татковината на неговите родители, по неодамнешната победа со нокаут над јутјуберот Џејк Пол на 19 декември во Мајами.




