Џорџ Клуни признава дека е нервозен пред дебито на Бродвеј


Познатиот филмски и телевизиски актер Џорџ Клуни во четвртокот призна дека пред неговото претстојно деби на Бродвеј во претставата „Good Night, and Good Luck“ чувствува нервоза кога ќе се качува на сцената,

Клуни, двократен добитник на Оскар, рече дека не глумел во театарска продукција во живо од 1986 година.

„Не сум глумел во претстава 40 години… па тоа е застрашувачки. Да, Џорџ Клуни станува нервозен“, изјави актерот за новинарите во Њујорк.

Клуни е ко-сценарист и ѕвезда на „Good Night, and Good Luck“, драма адаптирана од неговиот истоимен филм од 2005 година за телевизиската легенда Едвард Р. Мароу и неговата работа за време на ерата на ловот на вештерки на сенаторот Џозеф Меккарти во 1950-те.

„Забавниот дел од ова е што можеме да направиме претстава за тема што многу ни пирасна до срцето… којашто ја зборува вистината“, рече Клуни.

Претставата „Good Night, and Good Luck“ ќе се прикажува на Бродвеј од 12 март до 8 јуни.