Џастин Тимберлејк открил дека има сериозна здравствена состојба.

Пејачот Џастин Тимберлејк открил дека му е дијагностицирана сериозна здравствена состојба.

Лекарите му потврдиле дека страда од Лајмска болест.

– Се соочував со различни здравствени проблеми и ми беше потврдена Лајмската болест. Ова го спомнувам не за да предизвикам сожалување, туку за да ви пренесам дел од она што го доживував зад сцената – напиша Тимберлејк на Инстаграм.

– Ако сте имале искуство со оваа болест или познавате некого кој се соочува со неа, тогаш знаете дека животот со неа може да биде многу исцрпувачки, како ментално, така и физички.

Тој продолжи со раскажувањето за неговите чувства кога првпат дознал за дијагнозата, и како тоа му помогнало да разбере зошто чувствувал „огромна количина нервна болка“ и „интензивна уморност“ за време на настапите.

– Се соочив со важна одлука, напиша пејачот. „Дали да престанам со турнејата? Или да продолжам и да барам решение? Решив дека радоста од настапот многу ги надминува привремените проблеми со моето тело. Навистина сум среќен што продолжив.“

Тимберлејк ја заврши својата турнеја наречена „Заборави го утрешниот ден“ во средата. Сепак, тој беше предмет на критика на TikTok поради некои од своите неодамнешни настапи. Во видеа снимени од обожаватели, Џастин може да се види како се потпира на публиката да отпее големи делови од неговите песни, наместо самиот да ги интерпретира.

Во едно видео, за време на изведбата на „Can’t Stop the Feeling“, Тимберлејк го испушта микрофонот по само првите три збора од песната, враќајќи се подоцна само повремено, додека мелодијата продолжува.