Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли за првпат се појавија заедно во јавноста по гласините за нивниот можен развод, што дополнително ги подгреа шпекулациите за нивната врска. Изминативе денови,обожавателите на пејачот изразија загриженост поради неговиот изглед,кој многумина го оценија како исцрпен и „запоставен“.
Вчерашната вечер Џастин и Хејли беа забележани на вечера, но нивното држење и однесување поттикнаа нови дискусии меѓу фановите. Хејли носеше кожна јакна и хеланки, комбинирани со црни високи потпетици, додека Џастин се одлучи за зелена јакна и сив дуксер. За да го прикрие заморот и разбушавениот изглед што фановите го забележаа, пејачот носеше очила за сонце и капа. Додека се движеле по улиците, многумина забележаа дека тие не одеа рамо до рамо – Хејли често беше чекор пред Џастин, што дополнително подгреа гласини за можниот раздор меѓу нив.
Изминатите недели Џастин Бибер предизвика бројни реакции поради неговите јавни настапи и стилот на облекување. На една од последните прошетки низ градот, тој беше облечен во црни широки панталони, карирана кошула и капа, што даде повод за коментари дека изгледа заморено и незаинтересирано.
Според некои извори блиски до парот, проблемите меѓу Џастин и Хејли траат веќе подолго време. Се шпекулира дека Хејли е уморна од неговото нестабилно однесување и дека нејзините пријатели ја охрабруваат да ја напушти врската. Додека тие двајца сè уште не дале официјална изјава за нивниот брачен статус, јавноста продолжува да ги следи нивните чекори со голем интерес.
Дополнително,најновите гласини велат дека Хејли се фокусира на својата кариера и модниот бренд,а Џастин,кој веќе подолго време е подалеку од музичката сцена,се соочува со лични предизвици. Дали ова значи дека нивниот брак е на работ или се работи само за моментална фаза,останува да видиме.




