Директорот на Центарот за култура Штип почина во Кочани

Меѓу жртвите на трагедијата што се случи во дискотеката во Кочани е и Филип Стевановски, кој беше директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Стевановски ја презеде оваа функција на 24 јануари годинава. Тој имаше богата кариера како продуцент, пијанист, тромбонист и композитор, и беше магистар по џез науки. Покрај тоа, работеше како професор во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип. Стевановски исто така беше дел од бендот „ДНК“.