Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го напушти Милано по крајот на тековната сезона. Минатото лето, тој беше најавен како значајно засилување за Олимпија. Во претходната сезона, Димитријевиќ имаше извонредни настапи за УНИКС Казан и беше прогласен за најкорисен играч во руското првенство. Неколку екипи од Евролигата беа заинтересирани за неговото ангажирање, но тој се одлучи да игра за тимот на тренерот Еторе Месина. Оваа сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во домашното првенство играше 13 натпревари со просек од 8,5 поени. Според новинарот Андреа Калцони, Димитријевиќ би можел да го напушти Милано, бидејќи клубот има интерес да го доведе кошаркарот на Тренто, Квин Елис.