Димитриевски: СДСМ денес има раководство кое промовира бугарски интереси и дејствува против македонските национални вредности.

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во емисијата на Сител ТВ изрази уверување дека Македонија мора да продолжи на својот европски пат, но без да се откаже од сопствениот идентитет, историја и достоинство. Тој коментираше дека постојаниот притисок за уставни измени од страна на актуелното раководство на СДСМ претставува продолжение на, како што рече, бугарофилската агенда, која започнала со политиките на претходната власт.

„Таа агенда започна со политиките на Заев, особено со ваквото конфликтно интервју, кое изедначи нашето постоење во јазикот и во нацијата. Потоа следуваше изјавата на поранешниот претседател Пендаровски, кој изрази дека Гоце Делчев е Бугарин, а сето тоа кулминира со потпишувањето на францускиот договор и капитулацијата на нашата дипломатија, предводена од Ковачевски. Видените примери, вклучувајќи го и Венко Филипче, кој продолжува да инсистира на уставни измени, само ја потврдуваат позицијата на актуелниот Централен одбор, чии членови изнесуваат ставови кои го минимизираат делото на Гоце Делчев, еден од нашите најзначајни револуционери“, истакна Димитриевски.

Тој продолжи со ставот дека актуелното инсистирање на уставни измени од страна на СДСМ само го уцврстува, како што рече, континуитетот на таквите политики. „Сосема искрено, можам да кажам дека Социјалдемократскиот сојуз, некогашната државотворна партија, во последните осум години е предводена од раководство кое силно се клони кон бугарски интереси, во место на македонски“, додаде Димитриевски.

Според него, Движењето ЗНАМ останува доследно на ставот дека Македонија може да биде дел од Европската Унија единствено како достоинствена држава на македонскиот народ и на сите граѓани, со зачуван историски и национален континуитет. „Нашата цел е да го браниме она што е утврдено во АСНОМ и темелено на Крушевскиот манифест. Можеме да станеме дел од Европската Унија само како Македонци, а не преку отфрлање на сопствениот идентитет“, нагласи Димитриевски.

Тој дополнително ја истакна отвореноста на Декларацијата на ЗНАМ со црвени линии за националните прашања за сите политички субјекти, што служи како основа за обединување околу државните интереси.