„Диџеј Ахмет“ добитник на наградата од публика и наградата од специјалното жири за креативна визија на Санденс

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги Унковски ја доби наградата од публиката на програмата Светски филм на Санденс како и наградата од специјалното жири за креативна визија.