Џо Бајден работи на заштита на американската демократија од Трамп, велат од Белата куќа

Американскиот претседател Џозеф Бајден работи на заштита од „закани без преседан“ со кои се соочува американската демократија, изјави денеска портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, одговарајќи на коментарот на Доналд Трамп дека ќе биде „диктатор на еден ден“ доколку победи на претседателските избори следната година.

„Претседателот Бајден работи на заштита на американската демократија и на обединување на луѓето од сите политички убедувања против овие невидени закани“, им рече Бејтс на новинарите.

Тој додаде дека не е во ред да се „суспендира уставот и да се злоупотребува федералната власт“ за да се прогонуваат критичарите и да се гази Првиот амандман кој го гарантира правото на слобода на говор.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг
- Реклама -