Девет екипи добија нови тренери

Девет тима од италијанската фудбалска лига ќе стартуваат со нови тренери во претстојната сезона. Промени на кормилото беа извршени во клубовите Пиза, Лече, Интер, Парма, Милан, Торино, Аталанта, Рома и Каљари, а не се исклучува можноста и Фиорентина и Кремонезе да направат промени во стручните штабови.

Најновите тренерски именувања се во Пиза и Лече. Алберто Џилардино (42 години) дојде на чело на Пиза со двегодишен договор, наследувајќи го Филипо Инзаги, кој пак се пресели во Палермо.

Лече, клубот кој за малку избегна испаѓање минатата сезона, ќе го предводи Еузебио Ди Франческо, кој потпиша едногодишен договор. Ди Франческо добива шанса повторно да се докаже во Серија „А“, откако претходно не успеа да се задржи со Венеција и Фросиноне.

Интер го именуваше Кристијан Киву по заминувањето на Симоне Инзаги за Ал-Хилал. Се случи и промена во Парма, која го назначи Карлос Куеста на тренерската позиција, откако Шпанецот работеше под Микел Артета во Арсенал.

Милан го отпушти Серхио Консеисао откако завршија на осмото место во лигата и не успеаја да се квалификуваат за европските натпреварувања. Масимилијано Алегри ќе добие нова шанса, по успешниот мандат во 2011 година.

По девет сезона со Џан Пјеро Гасперини на кормилото, Аталанта ќе влезе во новата сезона со хрватскиот стручњак Иван Јуриќ, додека Рома го назначи Гасперини за нов тренер.

Се очекува Стефано Пиоло да ја преземе Фиорентина по разделбата со саудискиот клуб Ал-Наср. Виолата му продолжи договорот на Рафаеле Паладино во мај, но тој си замина само три недели подоцна.

Според италијанските медиуми, Кремонезе, исто така, ќе добие нов тренер, а Давиде Никола ќе го преземе тимот, откако го напушти Каљари, додека Фабио Писакане е новиот тренер на Каљари.

Клубови со нови тренери во Серија „А“:

Пиза – Алберто Џилардино
Лече – Еузебио Ди Франческо
Интер – Кристијан Киву
Парма – Карлос Куеста
Милан – Масимилијано Алегри
Торино – Маурицио Сари
Аталанта – Иван Јурић
Рома – Џан Пјеро Гасперини
Каљари – Фабио Писакане