Деспотовски: За да победиме против Белгија, треба да имаме совршена одбрана.

Играчот на ОФК Београд, кој настапува на десната бековска позиција, верува дека нашата екипа може да се носи со Белгија, но за тоа треба да покажеме највисоко ниво на игра.

„Убаво е чувството, првпат сум тука. Дечките ме прифатија одлично, тренинзите се одлични и атмосферата е супер. Сè е во најдобар ред“, изјави Деспотовски.

„Белгија е силна репрезентација, но ако не им дозволиме да ја играат својата игра, имаме шанси. Треба да ги следиме упатствата од селекторот и верувам дека сме подготвени за овој натпревар“.

„Секогаш постои притисок, без оглед на противникот, но ние сме подготвени за тоа и верувам дека сè ќе биде во ред. Мора да бидеме внимателни во одбраната, во нашиот блок, и треба да бидеме перфектни“.

Мечот помеѓу Македонија и Белгија ќе се одигра во петок, на 6 јуни, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а три дена подоцна следи натпреварот против Казахстан.