Десетгодишен план за заштита на Дојранското Езеро: Управувачко тело, службa за надзор и зонирање на територијата.

Во рамките на Предлог планот за управување со споменикот на природата – Дојранско Езеро, се предвидуваат важни мерки за заштита на овој природен бисер. Формирање на управувачко тело, воспоставување на чуварска и инспекциска служба, како и зонирање на подрачјето околу езерото, се клучни аспекти на стратегијата. Овие мерки ќе овозможат распределба на дозволени и недозволени активности во различните зони, со посебен акцент на строго управување со милта и талогот од пречистителните станици.