Додека Скопје се гуши од непријатна миризба и чад, експерти во разговор за ДВ велат дека директното депонирање, без претходна обработка и селекција на отпадот е основната причина за зголемениот ризик од појава на пожари.
Чадот и маглата кои деновиве обвија делови од Скопје, предизвикаа силна вознемиреност кај населението. „Виновниците“ за овој случај, депониите Дрисла и Вардариште, веќе се под набљудување на полицијата и приватно обезбедување за да спречат евентуално намерно палење, но тоа не ги смири реакциите. Двете депонии, поради близината до главниот град, освен чад и магла емитуваат и остри мириси поради што граѓаните се загрижени дека може да им наштетат на здравјето.
Професорот по индустриска вентилација и ректор на универзитетот „Гоце Делчев“, д-р Дејан Мираковски, кој е и раководител на лабораторијата за мерење на загадувачи во воздухот АМБИКОН, во изјава за ДВ вели дека депониите за мешан комунален отпад се едни од најризичните објекти од аспект на појава на пожари кои тешко се контролираат и може да траат многу долго.
Повеќе тука




