Денвер води против Оклахома

Никола Јокиќ имаше една од своите послаби партији во плејофот, и покрај тоа што мечот го заврши со дабл-дабл од 20 поени и 16 асистенции.

Српскиот ас синоќа постави неколку негативни рекорди, гледано исклучиво во контекст на настапите во доигрувањето.

Центарот на Денвер не погоди ниту една тројка од дури 13 обиди зад линијата 7,25 метри – што претставува најлош процент на шут од далечина и најмногу промашени тројки на еден плејоф натпревар. Дополнително, запиша и осум изгубени топки – најмногу досега во една плејоф средба за него, а само еднаш досега имал повеќе промашени обиди од игра.

„Се обидувам да бидам присутен, одбраната беше добра во завршницата. Игравме против физички силен ривал, а јас промашив многу шутеви и направив доста грешки. Бев најлош на теренот, ама победивме и тоа е најважно“, изјави Јокиќ

Но, и покрај сите овие статистички негативности, Јокиќ повторно беше двоцифрен стрелец, а на крајот најважно за него и тимот е што Нагетси сепак славеа победа.