На 23 јуни 2026 година во Рамстор Мол во Скопје, се отвори изложбата „Инклузивна уметност“, најголемата групна ликовна изложба на уметници со попреченост во Македонија. Овој настан е дел од „Денови на инклузивна култура и уметност“ и се организира од страна на Abilitist и Рамстор Мол.
Изложбата содржи над 80 уметнички дела од шест неверојатни уметници со попреченост, кои преку своите творби испраќаат силна порака за еднаквост, видливост и општествена инклузија. Посетителите имаа шанса да се запознаат со дела на фотограф со оштетен вид, уметница која слика со устата, млад уметник од аутистичниот спектар, графики на уметник со церебрална парализа, творци од Здружението „Трисомија 21“ и академски сликар со последици од детска парализа (полио), чии дела ја слават креативноста, различноста и човековиот израз.
На настанот присуствуваа многу посетители, љубители на уметноста, како и претставници на институции и организации кои го поддржуваат правото на сите на еднакви можности.
„Во Рамстор Мол веруваме дека трговските центри треба да бидат повеќе од места за купување – тие треба да бидат простори каде што се среќаваат луѓе, идеи и вредности што го прават општеството подобро. Затоа со задоволство сме домаќини на изложбата „Денови на инклузивна култура и уметност“, која им нуди на посетителите можност да се запознаат со исклучителни уметници и нивните инспиративни животни приказни,“ велат од Рамстор Мол.
Оваа изложба нè потсетува дека талентот, креативноста и уметноста не познаваат бариери. Горди сме што преку оваа соработка даваме поголема видливост на лицата со попреченост и создаваме можност нивниот труд, посветеност и уметнички израз да бидат видени од многу посетители.
Ги покануваме сите да ја посетат изложбата, да ги запознаат уметниците, да се инспирираат од нивните дела и заедно да продолжиме да градиме општество кое е поотворено, поприфатливо и инклузивно,“ истакнуваат од Рамстор Мол.
Изложбата „Инклузивна уметност“ е значаен придонес за унапредување на инклузивната култура во земјата и потсетува на моќта на уметноста да ги надмине предрасудите, да ги соединява луѓето и да отвори нови перспективи за разбирање и прифаќање на различностите.
Abilitist и Рамстор Мол се благодарни на сите учесници, посетители и поддржувачи кои ја направија оваа изложба вистинска прослава на талентот, креативноста и човечкиот потенцијал.




