Ерзана Превала (моминско презиме Бериша) е родена во Скопје на 11 март 1978 година. Таа е позната македонска поп-пејачка, запаметена по својот хит „Ноќна кралица“, со кој учествуваше на Макфест во 1998 година и ја освои наградата за најдобра изведба. Сега живее во Хартфорд, Конектикат, САД, заедно со сопругот Аријан Превала.
Во текот на нејзината кариера, Ерзана настапуваше на многу македонски фестивали, што резултираше со создавање на нејзини популарни хитови. И нејзиниот брат, Линдон Бериша, е активен музичар. Нејзиниот единствен албум, наречен „Без зборови“, беше еден од најпродаваните во времето на нејзината популарност.
Како жена во музиката, Ерзана направи многу за развојот на забавната сцена. Нејзиниот албум донесе свежина и иновации, што беше нечуено за овие простори. Таа е една од првите македонски пејачки која соработуваше со странски рапер, создавајќи во големиот хит „Колекционер“.
Среќен роденден, Ерзана! Ти посакува редакцијата на „Екран“.




