Денеска славиме роденден на нашата позната новинарка, активистка и хуманистка.

Среќен роденден, Ана Јовковска!

Ана Јовковска, родена во Скопје на 19 март 1982 година, е позната новинарка, водителка, продуцентка, активистка и хуманистка. Нејзината кариера во телевизијата започнала во 1994 година, а во текот на дваесет години пред камерите, реализирала над 1000 интервјуа со значајни личности од јавниот живот.

Како авторка на популарната емисија “Пулс”, која стартуваше во 2007 година, Ана активно промислува и анализира актуелните состојби во општеството. Со својот критички пристап, таа истакнала важни културолошки, филозофски и политички теми, создавајќи нова естетика во новинарството. Наградувана е за најдобар телевизиски проект во Македонија, со што ја потврдила својата улога на иноватор во медумскиот простор.

Таа е авторка на бројни текстови посветени на медиумите, културниот идентитет, креативните индустрии и родовите студии. Како магистрантка по комуникации, учествувала и во значајни научни истражувања во областа на комуникологијата и културните студии.

Во сферата на активизмот, Ана е неуморен борец за човекови права, екологија, социјална правда, права на маргинализирани групи, и правата на животните. Организирала многу хуманитарни настани и редовно учествува на фестивали, често и како панелистка и модераторка на трибини и јавни собири.

Денес, на нејзиниот роденден, целата редакција на „Екран“ и посакува многу среќа и успех во продолжение на нејзината вообичаена мисија.