По денешните 150 новозаразени во последните 24 часа, бројот на пациенти од Ковид-19 и денеска останува над 400, откако вчера достигна рекордни 425.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 100 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 4 деца позитивни и сомнителни на ковид и 17 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани се 133 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 30 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Табелата на хоспитализирани, согласно дневните податоци на Институтот за јавно здравје што ги објавува Министерството за здравство, денес изгледа вака: