Македонската театарска и филмска сцена денес е во знакот на Валентина Божиновска, уметница која со децении остави траен печат во културниот живот со својата исклучителна актерска дарба.
Родена на 13 април 1967 година во Скопје, Божиновска од најрана возраст го насочува својот интерес кон уметноста и јазикот, што подоцна резултира со многу успешна кариера. Како доктор по филолошки науки, таа внесува длабочина во својата актерска работа, со разбирање на текстот, ликовите и драматургијата.
Во текот на својата кариера, Валентина се истакнува како глумица со силен сценски израз, способна да интерпретира разноврсни карактери, од посложени драмски улоги до психолошки комплексни ликoви. Нејзините настапи се обележани со прецизност, емоционална длабочина и интелегентен пристап, што ја прави посебно ценета помеѓу публиката и колегите.
Посебно внимание заслужува нејзината работа во театарот, каде што со текот на времето гради репертоар од улоги што всушност ја одразуваат нејзината посветеност и љубов кон сцената. Паралелно, таа активно учествува и во телевизиските и филмските проекти, со што успешно ја проширува својата уметничка дејност и допира до поголема публика.
Нежноста и автентичноста што ја внесе во секој лик ја издвојуваат Божиновска, создавајќи сцени кои остануваат запаметени. Нејзината кариера е вистински пример за континуитет, професионалност и верност кон уметноста.
Исто така, Валентина е активна и во јавниот живот, со политички ангажмани, вклучувајќи и функцијата на пратеник во Собранието на Македонија. Но, нејзиниот најзначаен придонес останува во сферата на културата и уметноста.
Во приватниот живот, Валентина Божиновска е сопруга на археологот Драги Митревски и горда е мајка на ќерка.
Среќен роденден, Валентина! Ти посакува редакцијата на „Екран“.



