Денес уапсени две лица поради подметнување на пожар

Денес, на 14.08.2025 година, во 18:30 часот, полициските службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (57) од Куманово. Тој е осомничен за кривично дело “предизвикување на општа опасност”.

Според информациите, во населбата Рајкова куќа, на патот кон село Никулски, предизвикал пожар кој опожарил сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви.

Исто така, во 20:00 часот, во област позната како Брест, атар на село Челопек, полициските службеници од Полициското одделение Жеровјане го задржале И.М. (41) од село Челопек, поради основано сомнение за подметнување на пожар.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, а во следните денови ќе биде поднесен соодветен извештај.

Прочитајте и:  „Ако Јамал сака да игра еден на еден, нека не се префрла на тенис“