Тијана Тодевска-Дапчевиќ е родена на 3 февруари 1976 година во Скопје. Таа е позната македонска поп-пејачка и професорка по виолончело.
По завршувањето на Факултетот за музички уметности во Скопје во 1999 година, Тијана започнала успешна кариера. Омажена е за Милан Дапчевиќ и заедно имаат син по име Вук. Нејзината сестра, Тамара Тодевска, исто така е позната пејачка.
Во 2014 година, Тијана била избрана од Македонската радиотелевизија да ја претставува нашата земја на Евровизија, која се одржала во Данска.
Таа има освоено бројни награди, меѓу кои:
- 2002 — Победник на фестивалот во Херцег Нови со песната „Негатив“
- 2004 — 3. место на фестивалот „Будва“ со песната „Недај“
- 2005 — Победник на фестивалот во Будва со песната „Све је исто само њега нема“
- 2006 — Победник на Радискиот фестивал со песната „Јулијана“
- 2006 — 4. место на фестивалот „Беовизија“ со песната „Грех“
- 2007 — 2. место на фестивалот „Врњачка Бања“ со песната „Пламен старе љубави“
Тијана, од срце ти посакуваме среќен роденден, редакцијата на Екран.




