Дарио Панковски, познат едноставно како Дарио, е роден на 23 јануари 1963 година во Скопје. Неговата музичка кариера започнува во 1980 година, кога се приклучува на новоформираната њу-вејв група Бон-Тон. Во тоа време, меѓу најпознатите хитови се истакнуваат песните: „Добрите девојки“, „Таа Мала Маја“ и „Старо Купувам“. Дарио со Бон-Тон учествувал на неколку фестивали, при што најзначаен е Макфест. По распаѓањето на групата, тој продолжил да настапува на Макфест како солист.
Во 1992 година, Дарио формира нова група, позната како Дарио и Миг-21. Истата година, тие го објавуваат својот прв албум „Бактерија“, од кој хитови станаа песните „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.
По неколкуте промени во составот на групата, во 1994 година излегува нивниот втор албум „Фанки саунд“. Меѓу најпознатите песни од овој албум се „Дај да заспијам“, „Сети се“ и „Секој сака“. Песната „Дај да заспијам“, која е латино-балада, беше прогласена за хит на годината во 1994 година. Во истата ера излегува и токму најпознатата песна „Дупла вотка“, која забележа неверојатен успех и долго време беше на врвот на топ листите.
Во 1996 година, групата е прогласена за најдобра група на годината. Во 1998 година, доживуваат успех со два големи концерти во Универзална сала, кои привлекоа масовна публика.
Од 1999 година, Дарио започнува својата соло кариера, која успешно трае до денес.
Среќен роденден, Дарио! Ти посакува редакцијата на „Екран“.




