Фудбалската федерација на Македонија ги повикува сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на нашата репрезентација, кој ќе се одржи денеска во 16 часот, пред патувањето кон Данска.
– Тренинг центарот „Петар Милошевски“ е достапен за сите. Доаѓајте да ги поздравиме нашите репрезентативци и да им ја дадеме нашата поддршка пред заминувањето за Копенхаген и натпреварот со Данска. Се гледаме!, објавија од ФФМ.
Напред, македонската репрезентација вчера ги започна подготовките за планираниот плеј-оф против Данска со цел да обезбеди место на Светското првенство. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, тимот одработи тренинг во тренинг-центарот „Петар Милошевски“.
Селекторот има на располагање вкупно 28 играчи, а меѓу нив има и тројца фудбалери кои по првпат го носат дресот на македонската репрезентација: дефанзивецот Себастијан Ерера од Борац Бања Лука, стоперот Имран Фетаи од Шкендија и напаѓачот Дени Мусовски од Сиетл. Исто така, во составот се враќаат и фудбалери кои за подолг период не беа дел од репрезентацијата, како Бобан Николов од Вардар, Љупче Дориев, кој игра во Узбекистан, и Егзон Бејтулаи од Дрита.
Натпреварот против Данска е закажан за 26 март во Копенхаген, со почеток во 20:45 часот. Вториот натпревар, против Чешка или Република Ирска, ќе се одржи на 31 март.




