Денес е последниот училишен ден: Започнува летниот распуст за основците и средношколците.

Денес завршува учебната година за основците и средношколците во 2025/2026. По ова, тие ќе се упатат на летен распуст кој ќе трае до 31 август. Учениците од завршните класови своите обврски ги завршија на 15 мај, а сега ги очекуваат испитите за државна матура.

Утре, на 11 јуни, матурантите кои се пријавиле за државна матура ќе полагаат задолжителен испит по мајчин јазик, кој може да биде на македонски, албански, турски или српски, а оние кои полагаат стручна и уметничка матура ќе имаат свои испити на 12 јуни. Првиот изборен предмет е веќе полаган на 6 јуни.

Од вкупно 14.587 ученици пријавени за матура, 12.184 се за државна матура, 2.276 за државна стручна, и 127 за државна уметничка матура.

Прочитајте и:  Денес својот роденден го слави Надја Петровиќ - македонската уметница со глобално признание.

Во меѓувреме, полуматурантите се подготвуваат за упис во прва година средно образование. Електронското пријавување ќе се одвива преку порталот Uslugi.gov.mk во два рока во јуни: од 12 до 15 јуни и на 23 јуни, додека августовскиот уписен рок е предвиден за 20 август. Со конкурсот на Министерството за образование и наука обезбедени се повеќе од 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта ширум државата.