Денес без водоснабдување дел од улицата „Ленинова“.

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денес, од 9 часот, дел од жителите на улицата „Ленинова“ ќе останат без вода. Ова се однесува на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до булеварот „Партизански Одреди“. Причината за прекинот е дефект на водоводот со дијаметар од 80 мм, кој се наоѓа на адресата „Ленинова“ бр. 56. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Прочитајте и:  Обвинувања против капетанот и офицерот по потонувањето на товарниот брод од Албанија