Денес, од 08:00 до 09:30, а потоа повторно од 14:30 до 15:00 часот, дел од жителите на општините Аеродром, Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров ќе бидат без електрична енергија. Ова го соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи во Скопје. Според нивните информации, следењето на состојбите од ЕВН Македонија АД потврдило дека ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во најавениот период.



