Дел од Скопје денес без електрична енергија: ЕВН најавува нови прекини.

ЕВН Македонија АД известува дека денес ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе области поради технички интервенции на електричната мрежа.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе останат корисниците од РТВ предавател Водно, кулата АЕК Водно, селото Горно Нерези, Етно село Нерези, предавател Космофон, објектот Даре Џамбаз – Водно, објектот на Поштенски дом – Водно, како и селото Горни Крушопек (Општина Карпош).

Од 08:30 до 16:00 часот, прекин ќе има за дел од корисниците во село Морани и викенд населбата Морани (Општина Студеничани).

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на улица 10 во село Ржаничино (Општина Петровец), како и дел од улиците Иван Аговски и Никола Тесла (Општина Карпош), ќе останат без електрична енергија.

Прочитајте и:  МЗТ Скопје Аеродром ја објави првата странска засилувачка за оваа сезона.

Од 09:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат дел од селото Мирковци (Општина Гази Баба), а од 11:00 до 14:00 часот, прекин е најавен за дел од улиците 13 и 14 во село Ржаничино (Општина Петровец).

ЕВН апелира до граѓаните да ги организираат своите активности во согласност со најавените прекини.