Дејвид Бекам неодамна помина низ операција на зглобот, а јавноста за тоа дозна по објавата на неговата сопруга, Викторија, која сподели фотографии од болницата.
На една од оние фотографији, Бекам е виден како лежи во болничкиот кревет, со завој околу раката. Викторија му испрати емотивно послание на Инстаграм: „Брзо оздрави, тато.“
Фудбалската легенда го повредил зглобот за време на пријателски натпревар против Јужна Африка во 2003 година, но продолжил да игра со чврст завој. Според информациите, сега е опериран за да се решат последиците од таа повреда, како што пишува „Сан“.
Неодамнешен рендген покажа дека шрафот, кој му бил вграден за стабилизација, не се разложил како што требало и завршил вграден во неговата подлактица.
На фотографиите од болницата, Бекам изгледа насмеано, што укажува на неговото позитивно опоравување.
„Дејвид со години се борел со болка, но не обрнувал многу внимание на тоа. Се обидувал да продолжи додека болката во последно време не стана неподнослива. Рутинскиот преглед покажа дека металниот клин, кој требаше да се разложи, не го направил тоа, па беше закажана операција за конечно да се реши проблемот. Викторија беше покрај него по операцијата и сè помина во најдобар ред. Тој е во одлично расположение,“ изјавил извор за „Сан“.
Во едно неодамнешно интервју, Бекам призна дека неговата успешна фудбалска кариера му донела многу тешки повреди и години на „истрошување“.




