Дејан Станковиќ повторно во Црвената звезда!

Дејан Станковиќ повторно ќе ја преземе дужноста како тренер на фудбалскиот клуб Црвена звезда. Како и пред шест години, тој доаѓа на местото на Владан Милојевиќ.

Владан Милојевиќ ја напушти прес-конференцијата без да даде изјава откако црвено-белите ја победија Младост со 4:0 во саботата, јасно укажувајќи дека овој натпревар му беше последен како шеф на стручниот штаб.

Според информации од “Моцартспорт”, Дејан Станковиќ ќе биде промовиран во нов тренер на Црвена звезда во понеделник. Како што стои во овој извор, тој веќе потпишал договор на две ипол години.

„Црвена звезда имаше интерес за Алберт Ријера (тренерот на Целје) како прва опција, но не успеаја да го ангажираат Шпанецот. Во меѓувреме, Станковиќ остана без работа во московски Спартак. 47-годишниот стратег се наметна како најлогичен избор во декември, и така по втор пат, поранешниот играч на Лацио и Интер, и еден од најомилените фигури во Звезда од ерата по Бари, ќе седне на црвено-белата клупа. Интересно е што и историјата се повторува, бидејќи во декември 2019 година, Станковиќ го замени Владан Милојевиќ по завршувањето на првиот дел од сезоната“, пишува порталот.

Прочитајте и:  Први резултати: Орбан во заостана позиција, Маѓар со предност

Во својот прв мандат, Дејан Станковиќ управуваше со Звезда од декември 2019 до август 2022 година.

Тој освои три титули во српското првенство и двапати го освои Купот на Србија, а три пати беше елиминиран во плејофот за пласирање во Лигата на шампионите.

Foto/ shutterstock