Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобар режисер на 11. Меѓународен театарски фестивал во Истанбул.

Режисерот Дејан Пројковски ја доби меѓународната награда за режија на 11. Интернационален театарски фестивал во Истанбул.

Според објавата на Министерството за култура и туризам на Фејсбук, ова е втора награда за Пројковски на овој фестивал, откако пред две години веќе беше награден на неговото девето издание.

– Ова издание потврдува континуитет во авторската визија, уметничката зрелост и посветеноста на Пројковски во современиот театар. Тој е еден од најдобрите македонски режисери, и со оваа награда дополнително ја зајакнува својата позиција на меѓународната театарска сцена. Пројковски сега се наоѓа меѓу најистакнатите режисери во регионот, чија работа и уникатен стил добиваат висока оценка не само од странската публика, туку и од театарската критика, истакнува Министерството за култура и туризам.

Прочитајте и:  Имаме меч со топка на наш терен!