Дејан Недев учествува на ИТКФ карате семинар во Кипар

Каратистот Дејан Недев ќе реализира ИТКФ карате семинар во Ларнака и Лимасол, Кипар, во периодот од 27 до 30 март 2026 година, по покана на Кипарската федерација за традиционално карате.

На овој семинар ќе учествуваат каратисти од Кипар, Грција и Турција, што создава одлична прилика за размена на знаења и искуства меѓу учесниците.

Во текот на настанот, ќе бидат презентирани: Кати, Кихон и Бункај, основни елементи на традиционалното карате. На крајот од семинарот, учесниците ќе имаат можност да полагаат за мајсторски појаси.