Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид е близу до постигнување договор со дефанзивецот на Милан, Тео Ернандез, според информации објавени од „Гол“. Клубот од Ла Лига ја зголеми својата понуда од 15 на речиси 20 милиони евра.
Францускиот репрезентативец веќе ги договорил личните услови со Атлетико и е на чекор до потпишување нов договор со шпанскиот гигант. Тој неодамна одби трансфер во Ал-Хилал од Саудиска Арабија, решавајќи да ја продолжи кариерата на евро-сцената.
Ернандез (27) предходно помина низ младинските категории на Атлетико Мадрид пред да се пресели во градскиот ривал Реал Мадрид во 2017 година, а сега, изгледа, е подготвен повторно да се врати во шпанската престолнина.
Во текот на неговиот престој во Милан, дефанзивецот освои два трофеи – Скудетото во сезоната 2020/2021 и Суперкупот на Италија во 2024/2025 година. Исто така, тој беше прогласен за играч на сезоната на Милан во 2019/2020 година и четири пати беше вклучен во тимот на годината во Серија „А“.