Нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски се пласира на светското атлетско првенство кое ќе се одржи во Токио, Јапонија од 13.09 до 21.09.2025 година.
На конечната листа која се објавува од World Athletics на пласирани атлетичари во дисциплината маратон и од предвидените 100 репрезенти, Дарио се пласираше на 75 позиција со статус “Qualified by World Rankings”.