Во дербито на првото коло од Група 1 во Главната рунда на Европското првенство во ракомет, домаќинот Данска triумфираше над Франција со резултат 32:29.
По поразот од Португалија, многумина се запрашаа за способностите на светскиот и олимписки шампион, но Данска на своето најтешко испитување, против вечниот ривал Франција, покажа дека не се откажува лесно од желбата да ги освојува сите титули.
Французите беа во предност речиси 40 минути, но Данска во вториот дел направи пресврт, водејќи со 20:18. „Триколорите“ не се предадоа, туку се вратија со серија од 5-1 и зазедоа водство од 23:21. Тие дури водеа со 26:24, но потоа Данците, на крилата на извонредниот Гидсел и феноменалниот голман Нилсен, повторно се вратија и ја осигураа победата.
Во редовите на победничкиот тим, Гидсел заврши со девет гола, додека Питлик постигна осум. На спротивната страна, Мин беше најефикасен со седум погодоци, а Деска постигна пет.
За два дена, Данска ќе се соочи со Шпанија, додека Франција ќе игра против Португалија во второто коло на Група 1 во Главната рунда.
Фото/ EPA




