Историјата на огледалата започнува со вербата во магија, бидејќи луѓето во минатото сметале дека нивното одразување во вода е резултат на дејството на магичните сили.
Во античко време огледалата биле направени од полирани парчиња метал, најчесто тоа биле парчиња од бакар или бронза, но имало и огледала изработени од злато или сребро. Но, откако почнало да се изработува стаклото, тоа станува основен материјал за изработка на огледала, стаклото било премачкувано со слој од метал.
Подоцна, техниките за обработка на стакло и метали стануваат пософистицирани и како резултат, одразот во огледалото станува појасен. Во 15-от век, мајсторите за производство на стакло од островот Мурано во непосредна близина на Венеција ја создаваат светски познатиот фабрика за огледала. Нивната техника на изработка се засновала на поставување тенок слој метал на задниот дел од мазното парче стакло.
Многумина ќе помислат дека огледалото е од сребрена боја. Меѓутоа тоа ја попримува бојата од предметите кои се огледуваат во него. Совршеното огледало има спекуларна рефлексија, што значи дека целата светлост се рефлектира во една насока.
Спекуларната рефлексија го рефлектира секој предмет што се наоѓа пред огледалото, но повеќето од огледалата што нè опкружуваат не се совршени, така што одразот што тие го даваат често е зеленкаст или ги прави предметите да се појавуваат поголеми отколку што се.