Лука Модриќ ја завери неговата кариера во Реал Мадрид со последниот меч кој го одигра, ставајќи крај на импресивните 13 години во редовите на „кралскиот клуб“.
Поразот од ПСЖ со 4-0 во полуфиналето на Светското клупско првенство беше неговиот последен, вкупно 597. настап за Реал. Со 28 освојувања на трофеи, Хрватот се истакна како најтрофеен фудбалер во историјата на клубот, оставувајќи длабока трага на „Сантијаго Бернабеу“. По истекот на договорот, планира да продолжи кариерата во Милан.
По враќањето од Соединетите Држави, камерите на „Ел Чирингито“ го фатија Модриќ како на симболичен начин му го подарува дресот на својот соиграч, прегрнувајќи го при излегувањето од автобусот. Иако лицето не беше видливо, шпанските медиуми наведуваат дека станува збор за Арда Ѓулер, момент кој многумина го нарекоа „предавање на штафетата“.
Турчинот, кој има 20 години и дојде во Реал од Фенербахче за 24 милиони евра, досега забележа 61 настап со 12 гола и 11 асистенции. Неговата моментална вредност на трансфер-пазарот се проценува на 45 милиони евра. Овој гест на Модриќ е виден како избор на негов наследник во Шпанија.




