Дајмонд мол слави 2 години со голема наградна игра

Две години блескавост, и наградите никогаш не завршуваат.
Големата роденденска наградна игра во Diamond Mall ќе трае од 1 септември до 26 октомври.

Право на учество во наградната игра имаат сите купувачи кои за време на наградната игра ќе извршат купување производи или услуги во вредност од над 1.000 денари во која било продавница во трговскиот центар Diamond Mall.

Купувањата направени во продавници што се физички лоцирани во Diamond Mall, но не се дел од трговскиот центар, не овозможуваат учество во наградната игра.

Купувачот има право на еден купон за учество во наградната игра за секое купување во вредност од 1.000 денари. На пример, за купување во износ од 3.100 денари, купувачот има право на три купони за учество.

Вредноста на купувањето се потврдува со оригинален фискален сметка издадена од продавница во Diamond Mall. Купоните за наградната игра може да се подигнат на инфо-пултот во трговскиот центар.

Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 26 октомври во 14 часот во Diamond Mall.