Премиерот Орбан: Одлуките на Брисел не смеат да осиромашуваат народот
Зошто да создадеме услови во кои нашите семејства ќе плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е ниту лидерство, ниту разумна политика – тоа е самоубиство од економска природа. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, и јас, недвосмислено предупредивме: нема да ги прихватиме притисоците од Брисел да престанеме со купување руска енергија. Унгарија не може да поддржи одлуки што ги казнуваат нашите граѓани, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа Х.
Во видеото што го сподели, Орбан нагласи:
„Вчера имавме средба со премиерот Фицо, и дватајца сме на иста страна: не можеме да се согласиме на барањата на ЕУ да прекинеме со набавката на нафта и гас од Русија. И словачкиот народ се наоѓа во тешка ситуација. Ако се согласиме на тие барања, трошоците за домаќинствата ќе се зголемат двојно за електричната енергија и дури три ипол пати за гас. Секој може да се запраша: зошто еден унгарски премиер би прифатил такво нешто? Зошто да одобрувам одлука која ќе значи огромни трошоци за нашите семејства? Зошто тоа го барате од мене? И како таква идиотска идеја воопшто ви падна на ум? Наша задача е да го подобриме животот на луѓето, а не да го влошиме. Она што го барате е наклонето кон повредување на граѓаните на Унгарија. Запомнете: никогаш нема да ја добиете мојата согласност.“




