По завршувањето на состанокот, како што е наведено, јавноста ќе биде информирана за заклучоците и идните активности, како и за биографиите на странските експерти.
На прашањето дали се прават промени во составот на комисијата, Министерството за здравство истакна дека единствена измена постои во делот на еден од нивните претставници. За нов член е назначен д-р Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, додека претседател на комисијата и натаму останува д-р Жарко Христовски, кој е највозрасен член на комисијата.



