Трката во Мајами ќе започне порано од очекуваното.

Натпреварот на Големата награда на Мајами ќе започне порано од првично планираното време, во 19:00 часот по средноевропско време, заради предвиденото невреме.

Одлуката се донесе бидејќи се очекува дожд и грмотевици во Флорида, услови кои често доведуваат до откажување на спортските настани во САД.

За да се избегне ова сценарио, организаторите решија трката да започне три часа порано, со надеж дека ќе заврши пред бурата и главната трка ќе помине непречено.

До сега, се оди според планот. Официјалните тренинзи и квалификациите за спринт-трката се одржаа во петок, а во саботата гледачите уживаа во спринт-трката, каде актуелниот светски шампион Ландо Норис триумфираше, а Андреа Кими Антонели зазеде пол позиција со својот Мерцедес за главната трка.

Трката во Мајами е четврта во оваа сезона, по одложувањата на настаните во Саудиска Арабија и Бахреин поради конфликтите на Блискиот Исток.