Чулев забранил да се врачуваат решенија со потпис на Спасовски, заменичката му се спротивставила

Една седмица по изборот на новата техничка влада почнаа кадровските промени, согласно Пржинскиот договор. Во МВР вчера беа назначени дванаесет раководители и 12 дополнителни заменици раководители на сектори и оддели, согласно член 44 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Сепак, министерот Наќе Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска не се договорија за позицијата раководител на СВР Скопје.

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, пред два дена испратил телеграма до сите раководители на организациските единици во рамките на МВР да не ги врачуваат решенијата за распределување работници што ги потпишал неговиот претходник Оливер Спасовски. И во самата телеграмата Чулев им посочува да почекаат да добијат насоки за понатамошно постапување.

Дополнителната заменичка Славјанка Петровска, пак, истиот ден му пишала на Чулев дека во телеграмата не навел која е законската основа за таквото барање до раководителите.

„Ве известувам дека не е наведен законски основ врз основ на кој се бара да не им се врачуваат решенијата. Истовремено укажувам дека поединечен правен акт донесен врз основа на закон не може да се суспендира со телеграма“,пишала Петровска во писмото до Чулев.

Едно од последните несогласувања е и околу тоа кој да биде прв човек на скопската полиција. Чулев за началник на СВР Скопје го именуваше Ристе Ставревски, но Петровска не се согласува зашто, како што вели, тој бил дел од „бомбите“ што во 2015 година ги објавуваше СДСМ, кои сугерираат дел бил упартијата од која таа е номинирана за дополнителна заменик-министерка.

Повеќе на 360 Степени.

- Реклама -